ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРЕМИЕР ДРАГИ ЈА ПОВЛЕЧЕ ОСТАВКАТА НА БАРАЊЕ НА ЈАВНОСТА

    ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРЕМИЕР ДРАГИ ЈА ПОВЛЕЧЕ ОСТАВКАТА НА БАРАЊЕ НА ЈАВНОСТАГласањето за доверба на Драги ќе се одржи вечерва (Фото: ЕПА)

    Италијанскиот премиер Марио Драги ја повлече оставката и повика на формирање нов пакт за спас на владата. Шест дена откако претседателот Матарела му ја одби оставката, Драги изјави дека е невозможно да се игнорира повикот на многумина Италијанци за спас на коалицијата.

    „Ако сакаме да останеме заедно, мора да постигнеме сосема нов договор. Ни треба нов, искрен и цврст пакт. Дали сте подготвени?“, кажа Драги во Сенатот.

    Тој ја водеше владата на национално единство 17 месеци и требаше да се повлече во пресрет на изборите следната година. Беше назначен за да ја стабилизира Италија за време на ковид пандемијата, но поднесе оставка минатиот четврток откако од коалицијата излезе движењето Пет ѕвезди.

    Неколку протести се одржа за поддршка на Драги, зад кого застанаа и стотици градоначалници и 250 бизнис лидери и синдикати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира