Доналд Трамп првпат јавно го коментираше изборот на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач на Иран, опишувајќи го тоа како голема грешка.
„Мислам дека направија голема грешка. Не сум среќен со тоа. Не знам дали Хамнеи ќе потрае, но мислам дека згрешија со него“, изјави Трамп.
Тој претходно кажа дека САД мора да учествуваат во изборот на новиот врховен водач, а за Моџтаба Хамнеи кажа дека е неприфатлив за него.
Според израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар, изборот на Хамнеи значи продолжение на „екстремистичките и луди политики“ на неговиот татко, чие убиство го означи почетокот на американско-израелските напади врз Иран.
„Новоименуваниот врховен лидер е антиамерикански и антизападно настроен. Јасно е дека тврдокорниците сè уште ги имаат главните улоги во Техеран. Со тие луѓе не можете да направите ништо сериозно ако сакате да го решите конфликтот“, рече Сар.



