ИЗБРАНА НОВА ВЛАДА НА СРБИЈА НА ЧЕЛО СО МИЛОШ ВУЧЕВИЌ

    ИЗБРАНА НОВА ВЛАДА НА СРБИЈА НА ЧЕЛО СО МИЛОШ ВУЧЕВИЌНовиот премиер Вучевиќ досега беше министер за одбрана (Фото: Нова.рс)

    Со 152 гласа „за“ и 61 „против“, српските пратеници денеска ја изгласаа новата влада на Србија, четири и пол месеци по одржувањето на изборите. Владата ќе ја предводи лидерот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, а ќе има 31 министер.

    Новиот премиер Вучевиќ досега беше потпретседател на владата и министер за одбрана. Претходно, од 2012 до 2022 беше градоначалник на Нови Сад, по што го замени Александар Вучиќ на чело на СНС.

    Додека го водеше Нови Сад, Вучевиќ сакаше да го урне спортскиот центар „СПЕНС“, еден од симболите на градот и по примерот на Белград, да спроведе проект „Нови Сад на вода“, вреден пола милијарди евра.

    Во декември 2019 поднесе пријава против претседателот Вучиќ и неговиот брат Андрија, барајќи да се покрене истрага за да се утврди нивната вмешаност во една голема афера во Србија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира