ИЗБРАНА НОВАТА ВЛАДА НА СРБИЈА НА ЧЕЛО СО ЛЕКАРОТ ЃУРО МАЦУТ

    ИЗБРАНА НОВАТА ВЛАДА НА СРБИЈА НА ЧЕЛО СО ЛЕКАРОТ ЃУРО МАЦУТМацут на премиерската функција го наследи Милош Вучевиќ (Фото: Танјуг)

    Србија денеска доби нова влада, на чие чело ќе биде лекарот Ѓуро Мацут. Тој на премиерската функција го наследи Милош Вучевиќ, кој поднесе оставка кон крајот на јануари, преземајќи одговорност за нападот врз студенти во Нови Сад.

    На денешното гласање во парламентот, Мацут и владата добија поддршка од 153 пратеници, 46 беа против, а 51 пратеник беа отсутни.

    Мацут важи за еден од водечките ендокринолози во Србија и е редовен професор по интерна медицина и ендокринологија на Медицинскиот факултет во Белград. Тој кажа дека во неговиот мандат нема да се менува економската политика на Србија.

    Новата влада ја сочинуваат 30 министри, од кои голем дел беа и во кабинетот на Вучевиќ. Марко Ѓуриќ останува министер за надворешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира