ИЗГЛАСАНА НОВАТА ЕВРОПСКА КОМИСИЈА НА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ДОБИ ПОДДРШКА ОД САМО 54% ЕВРОПРАТЕНИЦИ

    ИЗГЛАСАНА НОВАТА ЕВРОПСКА КОМИСИЈА НА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ДОБИ ПОДДРШКА ОД САМО 54% ЕВРОПРАТЕНИЦИФон дер Лајен вети дека новата Европска комисија ќе ја оживее економијата на ЕУ која е во стагнација (Фото: Европски парламент)

    Европскиот парламент денеска ја изгласа новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен, која ќе го почне својот петгодишен мандат на 1 декември. Предложениот тим доби поддршка од само 54% европратеници, што е најмалото мнозиство во историјата за еден нов состав на Комисијата.

    Фон дер Лајен во својот говор вети дека новата Европска комисија ќе ја оживее економијата на ЕУ која е во стагнација, ќе ја зајакне конкурентноста, ќе ја намали бирократијата, ќе ги отклучи инвестициите и ќе го затвори иновацискиот јаз во однос на САД и Кина.

    Поддршката за Украина, одбраната, управувањето со миграцијата, буџетската реформа и проширувањето на ЕУ исто така ќе бидат меѓу приоритетите на новиот состав на ЕК.

    „Нашата борба за слобода можеби изгледа поинаку од онаа на минатите генерации, но влогот е исто толку голем. Овие слободи нема да бидат бесплатни. Ќе значат правење тешки избори и масовно инвестирање во нашите безбедност и просперитет. И пред сè, тоа ќе значи да останеме обединети и доследни на нашите вредности“, кажа Фон дер Лајен.

    Бившата естонска премиерка Каја Калас е новата европратеничка за надворешна политика, додека Литванецот Андриус Кубилиус ќе ги надгледува напорите за повторно вооружување на ЕУ. Двајцата важат за големи противници на Русија.

    Словенката Марта Кос е потврдена за нова еврокомесарка за проширување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира