ИЗРАЕЛ ГИ ПРОШИРИ НАПАДИТЕ ВО ЛИБАН, РАКЕТИРАНИ БЕЈРУТ И ПАЛЕСТИНСКИ БЕГАЛСКИ КАМП НА СЕВЕРОТ НА ЗЕМЈАТА

    ИЗРАЕЛ ГИ ПРОШИРИ НАПАДИТЕ ВО ЛИБАН, РАКЕТИРАНИ БЕЈРУТ И ПАЛЕСТИНСКИ БЕГАЛСКИ КАМП НА СЕВЕРОТ НА ЗЕМЈАТАНајмалку шест лица загинаа во повеќе од десетина израелски воздушни напади во текот на ноќта и денеска во Либан, (Фото: АП)

    Израел денеска го прошири бомбардирање во Либан, погодувајќи ги јужните предградија на Бејрут со 12 воздушни напади и за првпат нападна палестински бегалски камп длабоко во северен Либан. Во нападот на бегалскиот камп Бедави, во близина на северниот град Триполи, загина официјален претставник на военото крило на Хамас, заедно со неговата сопруга и двете мали ќерки, се вели во соопштението на палеситнската милитантна група.

    Триполи е многу подалеку на север од повеќето напади на Израел, кои се концентрирани во јужен Либан и Бејрут.

    Израел уби неколку претставници на Хамас во Либан од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври минатата година, покрај повеќето од највисокото раководство на Хезболах.

    Најмалку шест лица загинаа во повеќе од десетина израелски воздушни напади во текот на ноќта и денеска, според Националната новинска агенција, официјалната новинска агенција на Либан.

    Израелската војска соопшти дека специјалните сили извршуваат целни копнени напади врз инфраструктурата на Хезболах во јужен Либан, уништувајќи проектили, лансирни рампи, караули и складишта за оружје. Војската соопшти дека војниците ги демонтирале и тунелските окна што Хезболах ги користел за да се приближи до израелската граница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира