ИЗРАЕЛ ГО ОДОБРИ ПЛАНОТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ГРАДОТ ГАЗА, НЕ НА ЦЕЛИОТ ПОЈАС

    ИЗРАЕЛ ГО ОДОБРИ ПЛАНОТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ГРАДОТ ГАЗА, НЕ НА ЦЕЛИОТ ПОЈАСПланот предвидувал евакуација на сите цивили од градот и почеток на копнена офанзива (Фото: АП)

    Израелскиот безбедносен кабинет одобри план за преземање контрола врз градот Газа, додека војската ги проширува своите операции и покрај засилените критики од дома и странство.

    Израелските одбранбени сили ќе се подготват за целосно преземање на градот Газа и ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош за цивилите надвор од борбените зони“, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

    Иако тој вчера кажа дека Израел планира да го окупира целиот појас, одобрениот план се фокусира исклучиво на најголемиот град во енклавата, сместен на северот. Планот предвидувал евакуација на сите цивили од градот и почеток на копнена офанзива.

    Во интервју за „Фокс њуз“, Нетанјаху кажа дека Израел има намера да ја преземе контролата врз целата Газа, а подоцна би ја препуштил на арапски сили кои би управувале со неа. Тој не појасни кои арапски држави би биле вклучени.

    Не сакаме да ја задржиме Газа. Сакаме да имаме безбедносен периметар, не сакаме да управуваме со неа. Не сакаме да бидеме таму како управител“, изјави Нетанјаху.

    Израелски функционери кажаа дека шефот на војската Ејал Замир претходно се спротивставил на планот за проширување на воената операција во Газа.

    Арапските земји би го поддржале само она што Палестинците ќе го одлучат. Безбедноста во Газа треба да се управува преку легитимни палестински институции“, изјави за „Ројтерс“ еден јордански функционер.

    Израел имаше целосна контрола врз Газа до 2005, кога ги повлече своите цивили и војници, а по изборите следната година Хамас ја презеде власта. Засега е нејасно дали Израел планира долгорочно преземање на Газа зашто постојано вели дека неговата цел е растурање на Хамас и враќање на заложниците. Се верува дека во Газа се останати уште 50 заложници, од кои само 20 се живи. Индиректните преговори помеѓу Израел и Хамас во Доха пропаднаа минатиот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира