ИЗРАЕЛ ГО УБИ И ВОЕНИОТ ШЕФ НА ИРАНСКИОТ ГЕНЕРАЛШТАБ, НЕКОЛКУ ДЕНА ОТКАКО ДОЈДЕ НА ФУНКЦИЈАТА

    ИЗРАЕЛ ГО УБИ И ВОЕНИОТ ШЕФ НА ИРАНСКИОТ ГЕНЕРАЛШТАБ, НЕКОЛКУ ДЕНА ОТКАКО ДОЈДЕ НА ФУНКЦИЈАТААли Шадемани моментално бил највисокиот воен заповедник во Иран

    Израел објави дека го убил и новиот шеф на Хатам ал-Анбија, генерал-мајорот Али Шадемани, кој беше началник на генералштабот на иранската војска во воени услови. Неговата смрт уследи само пет дена по убиството на неговиот претходник Голам Али Рашид.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) кажаа дека Шадемани моментално бил највисокиот воен заповедник во Иран и најблиска личност до ајатолахот Али Хаменеи.

    „Хатам ал-Анбија е одговорна за управување со борбените операции и за одобрување на плановите за вооружување на Иран“, кажа ИДФ.

    Од почетокот на нападите врз Иран, Израел ликвидирал повеќе од 20 ирански воени заповедници, вклучувајќи ги началникот на генералштабот на иранските вооружени сили Мохамад Багери, главниот заповедник на Револуционерната гарда Хосеин Салами и Амир Али Хаџизадех, заповедникот на воздушните сили на гардата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира