ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВО ГАЗА ОТКАКО ГО ОБВИНИ ХАМАС ЗА КРШЕЊЕ НА ПРИМИРЈЕТО

    ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВО ГАЗА ОТКАКО ГО ОБВИНИ ХАМАС ЗА КРШЕЊЕ НА ПРИМИРЈЕТОПортпаролот на војската кажа дека Хамас повеќепати ги нападнал израелските сили преку жолтата линија (Фото: АП)

    Израелската војска изврши напад во Газа денеска, намалувајќи ги надежите дека примирјето договорено со посредништво на САД ќе доведе до траен мир во енклавата.

    Израел потврди дека извел воздушни напади во јужниот град Рафа, откако го обвини Хамас за „грубо кршење на прекинот на огнот“. Портпаролот на војската кажа дека Хамас повеќепати ги нападнал израелските сили преку жолтата линија, област во која израелската војска се повлече во согласност со првата фаза од договорот за прекин на огнот.

    Од кабинетот на премиерот Нетанјаху кажаа дека тој одржал состаноци со министерот за одбрана и шефовите на безбедносните сили, на кои им наложил да „дејствуваат енергично против терористичките цели во Појасот Газа“.

    Хамас одговори дека е посветен кон примирјето и го обвини Израел за негово кршење, при што досега загинале најмалку 35 луѓе, од кои осум во изминатите 24 часа.

    Локални жители кажаа за „Ројтерс“ дека слушнале експлозии и пукање од огнено оружје во Рафа и во источниот град Абасан во близина на Кан Јунис.

    Хамас изврши повеќе напади врз израелските сили. Тие инциденти се случија во областа контролирана од Израел и тоа е грубо кршење на примирјето“, изјави еден израелски функционер.

    Денешните напади се најсериозниот тест за кревкото примирје кое стапи во сила на 11 октомври. Во првата фаза беа ослободени 20-темина живи заложници и речиси 2.000 палестински затвореници, додека израелската војска се повлече од урбаните области на претходно договорената линија, но продолжува да контролира 53% од Газа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира