ИЗРАЕЛ ЈА БОМБАРДИРАШЕ ЗГРАДАТА НА ИРАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА

    ИЗРАЕЛ ЈА БОМБАРДИРАШЕ ЗГРАДАТА НА ИРАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈАИзраел кажа дека телевизијата била комуникациски центар што го користеле иранските вооружени сили за воени цели

    Израел потврди дека извршил напад врз зградата на иранската државна телевизија во Техеран, откако претходно ги предупреди жителите од таа област да се евакуираат.

    Нападот се случи по голема евакуација на локалните жители. Израел ќе го напаѓа иранскиот диктатор каде и да се наоѓа“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

    Иранската државна телевизија објави дека повеќе вработени загинале во нападот на нејзиното седиште.

    Тие работеа до последниот момент пред нападот. Државната телевизија и нејзините вработени ќе издржат до крај“, кажа шефот на програмата Пејман Џебели.

    Илјадници луѓе работат во нешто што наликува на мало село, каде што е сместена државната телевизија. Израелските одбранбени сили (ИДФ) кажаа дека телевизијата била комуникациски центар што го користеле иранските вооружени сили за воени цели.

    Ударот им нанесе директна штета на воените способности на иранските вооружени сили“, кажа ИДФ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира