ИЗРАЕЛ НЕ ЈА ОТФРЛА МОЖНОСТА ЗА ВОЕНА АКЦИЈА ПРОТИВ ИРАН ЗА ДА ГО СПРЕЧИ ДА СОЗДАДЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ

    ИЗРАЕЛ НЕ ЈА ОТФРЛА МОЖНОСТА ЗА ВОЕНА АКЦИЈА ПРОТИВ ИРАН ЗА ДА ГО СПРЕЧИ ДА СОЗДАДЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕИзраел вели дека Иран збогатил доволно ураниум за да создаде неколку нуклеарни бомби (Фото: Гети)

    Израел предупреди дека можеби ќе биде потребна воена опција за да се спречи Иран да создаде нуклеарно оружје и побара помош од Доналд Трамп да изврши притисок врз Иран.

    Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави за „Политико“ дека времето истекува зашто Иран збогатил доволно ураниум за да создаде неколку нуклеарни бомби, што би можело значајно да го дестабилизира Блиски Исток.

    Немаме многу време. Иако Израел и натаму сака дипломатско решение, шансите таков пристап да биде успешен не се многу големи. Неуспехот да се запре нуклеарната програма на Иран ќе има катастрофални последици за безбедноста на Израел. Со цел да се запре вооружувањето на иранската нуклеарна програма, воена опција останува во игра. Ако ова не се спречи, тоа ќе поттикне нуклеарна трка на Блиски Исток помеѓу Турција, Египет и Саудиска Арабија“, изјави Сар.

    Коментарите на Сар се совпаѓаат со ветувањето на Бенјамин Нетанјаху дека ќе ја доврши работата во спречувањето на иранските нуклеарни амбиции со помош на Доналд Трамп, кој му даде голема поддршка на Израел по враќањето во Белата куќа. Трамп, сепак, кажа дека преферира договор со Иран место да биде бомбардиран, но неговиот советник за национална безбедност Мајк Волц нагласи дека сите опции се во игра и дека Вашингтон нема да биде задоволен со ништо помалку од целосно растурање на иранската нуклеарна програма.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира