ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ДЕКА ГО УБИЛ ИРАНСКИОТ ШЕФ ЗА БЕЗБЕДНОСТ АЛИ ЛАРИЏАНИ

    ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ДЕКА ГО УБИЛ ИРАНСКИОТ ШЕФ ЗА БЕЗБЕДНОСТ АЛИ ЛАРИЏАНИЛариџани важеше за еден од најмоќните луѓе во Иран (Фото: АП)

    Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека израелската војска ги убила иранскиот шеф за безбедност Али Лариџани и заповедникот на милицијата Басиџ во воздушен напад ноќеска. Лариџани последен пат беше виден во јавност на марш во Техеран во петокот.

    Израелските медиуми објавија дека Лариџани и неговиот син биле нападнати во стан што служел како скривалиште.

    Лариџани е елиминиран. Премиерот Нетанјаху ѝ наложи на војската да продолжи да ги лови иранските лидери“, кажа Кац.

    Лариџани беше близок соработник и советник на убиениот врховен водач Али Хамнеи и поранешен преговарач за иранската нуклеарна програма. Од август 2025 беше на чело на влијателниот Врховен совет за национална безбедност.

    Кац објави дека е убиен и Голомреза Солејмани, заповедникот на иранските сили Басиџ, кои се дел од Иранската револуционерна гарда. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира