ИЗРАЕЛ ОСЛОБОДИ 183 ПАЛЕСТИНСКИ ЗАТВОРЕНИЦИ ВО ЗАМЕНА ЗА ТРОЈЦА ЗАЛОЖНИЦИ

    ИЗРАЕЛ ОСЛОБОДИ 183 ПАЛЕСТИНСКИ ЗАТВОРЕНИЦИ ВО ЗАМЕНА ЗА ТРОЈЦА ЗАЛОЖНИЦИЛуѓе гледаат пренос во живо од ослободувањето на заложниците во Тел Авив. (Фото: ДПА)

    Во замена за ослободување на тројца израелски заложници, Израел ослободи 182 палестински затвореници, некои од нив осудени за напади во кои што загинаа десетици луѓе.

    Во Рамалах, Западен Брег, автобус со 42 ослободени Палестинци, беше дочекан со поздрави од насобраната толпа. Меѓу нив беше и Ејад Абу Шкадеим, осуден на 18 доживотни затворски казни за организација на самоубиствени напади како одмазда за израелските атентати на лидерите на Хамас во 2004 година.

    Претходно денеска, Хамас ослободи тројца израелски заложници, предавајќи ги на Црвениот крст во Газа. Нивното ослободување е дел од договорот за примирје меѓу Хамас и Израел.

    Тројцата ослободени заложници беа заробени од Хамас за време на нападот од 7 октомври 2023 година и беа држени во Газа повеќе од 15 месеци.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира