ИЗРАЕЛ ПОЧНА СО ЖЕСТОКИ БОМБАРДИРАЊА НА ГРАДОТ ГАЗА, РУБИО КАЖА ДЕКА ХАМАС ИМА МАЛКУ ВРЕМЕ ЗА ДОГОВОР

    ИЗРАЕЛ ПОЧНА СО ЖЕСТОКИ БОМБАРДИРАЊА НА ГРАДОТ ГАЗА, РУБИО КАЖА ДЕКА ХАМАС ИМА МАЛКУ ВРЕМЕ ЗА ДОГОВОРДосега немаше официјална потврда дека копнена офанзива во Газа е почната (Фото: АП)

    Израел започна со жестоки бомбардирања на градот Газа ноќеска, при што некои медиуми објавија дека израелската војска ја лансирала својата копнена офанзива, чија цел е заземањето на најголемиот град во енклавата.

    Газа гори. Израел ја напаѓа терористичката инфраструктура и херојски се бори за ослободување на заложниците и пораз на Хамас. Нема да попуштиме и нема да се вратиме назад сè до завршувањето на мисијата“, објави министерот за одбрана Израел Кац.

    Локални новинари во Газа кажаа дека има речиси постојани воздушни и артилерски напади во градот. Израелските одбранбени сили веќе дејствуваа во градот Газа неколку недели, но немаше официјална потврда дека копнена офанзива е почната.

    Минатиот месец, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да го заземе градот Газа, опишувајќи го како упориште на Хамас. Се проценува дека во градот се останати стотици илјади луѓе.

    Американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека Израел има непоколеблива поддршка од САД и му порача на Хамас дека временскиот период во кој би можел да се постигне договор е многу краток.

    Хамас веќе нема месеци, туку денови, можеби неколку недели за да прифати мировен договор. САД сакаат Хамас да го положи оружјето и да ги ослободи заложниците, но можеби ќе биде потребна кратка воена операција за да се елиминира групата“, изјави Рубио.

    Семејствата на израелските заложници кои ги држи Хамас од ноќеска кампуваат пред официјалната резиденција на Нетанјаху во Ерусалим, протестирајќи против тешките израелски напади врз градот Газа.
    „Нашите деца се таму, се користат како жив штит. Има многу живи заложници во градот Газа. Нетанјаху избра да ги жртвува од политички причини“, рекоа семејствата утрово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира