ИЗРАЕЛ СЕ СОГЛАСИ НА ПРИМИРЈЕ СО ХЕЗБОЛАХ, НО ВЕТИ ДЕКА ЖЕСТОКО ЌЕ НАПАДНЕ АКО МИРОТ БИДЕ ПРЕКРШЕН

    ИЗРАЕЛ СЕ СОГЛАСИ НА ПРИМИРЈЕ СО ХЕЗБОЛАХ, НО ВЕТИ ДЕКА ЖЕСТОКО ЌЕ НАПАДНЕ АКО МИРОТ БИДЕ ПРЕКРШЕНОд октомври 2023, во израелските удари на Либан загинаа најмалку 3.768 луѓе (Фото: АП)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата влада ќе го одобри договорот за примирје, што отвора пат за крај на војната со Хезболах во Либан. Според договорот, секој обид на Хезболах повторно да се вооружи и изгради инфраструктура покрај границата ќе значи негово прекршување, на што Израел ќе одговори многу сериозно.

    Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел ќе нападне. Ако лансира проектили и ако изгради тунели, ние ќе нападнеме. Договорот може да се спроведе и ние ќе го спроведеме. Должината на прекинот на огнот ќе зависи од она што се случува во Либан“, кажа Нетанјаху.

    Тој нагласи дека војната нема да заврши додека сите жители на северен Израел не се вратат безбедно во своите домови.

    Хезболах не е она што беше, Израел го уназади за неколку децении. Убиени се сите негови лидери, вклучувајќи ја ‘главата на змијата‘ Хасан Насралах. Го уништивме најголемиот дел ракети и проектили, убивме илјадници терористи и ја уништивме подземната терористичка инфраструктура покрај нашата граница. Сето ова звучеше како научна фантастика пред три месеци, но успеавме“, изјави Нетанјаху, додавајќи дека со уништувањето на Хезболах, и Хамас ќе биде изолиран.

    Израелските операции против Хезболах започнаа на 17 октомври кога експлодираа илјадници пејџери, а потоа и воки-токија на групата. Десет дена подоцна беше убиен Насралах, а копнениот упад во Либан почна на 1 октомври. Од октомври 2023, во израелските удари на Либан загинаа најмалку 3.768 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира