ИЗРАЕЛ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА НЕМА ДА ЗАПРЕ СО НАПАДИТЕ НА ГАЗА ДОДЕКА НЕ БИДЕ ЦЕЛОСНА ТИШИНА

    ИЗРАЕЛ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА НЕМА ДА ЗАПРЕ СО НАПАДИТЕ НА ГАЗА ДОДЕКА НЕ БИДЕ ЦЕЛОСНА ТИШИНАИзраел уништи три станбени повеќекатници во Газа (Фото: Ројтерс)

    Израел нема да ја запре својата воена операција додека не се постигне целосна тишина, изјави министерот за одбрана Бени Ганц, додека воздушните и ракетните напади продолжија во текот на целиот ден. Обединетите нации изразија загриженост дека ситуацијата води кон општа војна.

    Педесет и три Палестинци, од кои 14 деца и шест Израелци загинаа од почетокот на гранатирањата во понеделникот. Израелската војска објави дека убила четворица командири и десетина оперативци на Хамас, но и дека загинал еден нејзин војник.

    „Елиминиравме виши командири на Хамас и тоа е само почеток. Ќе им зададеме удари какви што не можеле ни да сонуваат. Ќе ги удриме уште посилно“, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

    Палестинските милитанти испукале повеќе од 1.000 ракети кон Израел од понеделникот, на што се возвраќа со жестоки удари на Газа, при што се уништени три станбени повеќекатници. На жителите претходно им беше кажано да се евакуираат.

    Израелските одбранбени сили потврдија дека ова се нивните најголеми напади на Газа од 2014.

    Во исто време се случуваат немири во градовите со мешано еврејско-арапско население, при што во Лод, каде што е запалена и синагога, е прогласена вонредна состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира