ИЗРАЕЛ УБИ УШТЕ ЕДЕН ЗАПОВЕДНИК НА ХЕЗБОЛАХ ВО БЕЈРУТ И ЈА ПРОШИРУВА КОПНЕНАТА ОФАНЗИВА ВО ЛИБАН

    ИЗРАЕЛ УБИ УШТЕ ЕДЕН ЗАПОВЕДНИК НА ХЕЗБОЛАХ ВО БЕЈРУТ И ЈА ПРОШИРУВА КОПНЕНАТА ОФАНЗИВА ВО ЛИБАНОд почетокот на израелската офанзива против Хезболах загинаа повеќе од 1.400 луѓе (Фото: АП)

    Израелската војска објави дека почнала копнена операција во југозападен Либан, проширувајќи го својот упад на нова зона, откако војната во регионот вчера влезе во втора година. Израел кажа дека ќе испрати дополнителни трупи во Либан и нареди евакуација на повеќе од 20 села јужно од градот Тире.

    Од почетокот на израелската офанзива против Хезболах загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а околу 1,2 милиона се раселени, од кои 400.000 избегале во Сирија.

    Израелската војска и ноќеска ги бомбардираше јужните предградија на Бејрут, при што кажа дека убила висок заповедник на Хезболах, задолжен за логистиката на групата.

    Една недела по големиот ракетен напад врз Израел, Техеран предупреди дека секој напад врз Иран би го довел Блиски Исток на раб на општа војна.

    „Ќе возвратиме на секој напад врз иранската инфраструктура“, кажа иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, кој денеска ќе ја посети Саудиска Арабија, а потоа и други земји во регионот.

    Иако арапските земји од Персискиот Залив се обидуваат да го уверат Техеран дека сакаат да задржат неутралност во иранско-израелскиот конфликт, Аракчи вели дека нападите врз Либан можат да се запрат само со колективна акција на земјите од регионот.

    Израел и натаму ги разгледува опциите како да му се одмазди на Иран за ракетниот напад. Американскиот сајт „Аксиос“ цитираше израелски функционер, кој кажа дека мета би можеле да бидат ирански нафтени постројки, што би била сериозна ескалација и би влијаело врз глобалните цени на нафтата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира