ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА 40 ЧАСА НЕПРЕКИНАТО ГО НАПАЃА ИРАН, ПРВПАТ НАПАДНАТИ ИРАНСКИ ГАСНИ ПОЛИЊА

    ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА 40 ЧАСА НЕПРЕКИНАТО ГО НАПАЃА ИРАН, ПРВПАТ НАПАДНАТИ ИРАНСКИ ГАСНИ ПОЛИЊАИзраел најави уште пожестоки напади врз Иран (Фото: Анадолу)

    Израелската војска кажа дека веќе 40 часа непрекинато го напаѓа Иран и досега биле погодени повеќе од 150 мети.

    Дури и во овој момент, израелските пилоти напаѓаат и изведуваат обемни удари во разни делови на Иран. Фокусот во изминатите 24 часа беше Техеран“, изјави портпаролот на војската Ефи Дефрин.

    Израел вчера ја започна операцијата „Исправен лав“, во рамките на која биле погодени и три ирански нуклеарни постројки, каде што се врши збогатување ураниум.

    Иран кажа дека Израел денеска нападнал две големи полиња за гас во јужната провинција Бушехр, кои што се во пламен, што е прв таков напад досега.

    Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските напади ја уназадиле иранската нуклеарна програма за многу години и ги отфрли меѓународните повици за воздржаност.

    Она што Иран го почувствува досега е ништо во споредба со она што го чека во следните денови“, кажа израелскиот премиер, тврдејќи дека Израел ја брани слободата на Блиски Исток од тиранскиот ирански режим.

    Тој притоа ги повика Американците да му дадат поддршка на Израел и без да понуди докази, го обвини Иран дека бил спремен да им даде нуклеарно оружје на Хамас и Хезболах.

    Тоа е она што Израел го прави со јасна поддршка од претседателот на САД, Доналд Трамп, американскиот народ и многу други низ светот“, рече Нетанјаху.

    Белата куќа во прв момент се дистанцираше од израелската акција, но потоа отворено ја поддржа, а Трамп ја опиша како одлична.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира