ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА ИМА ЦЕЛОСНА ВОЗДУШНА КОНТРОЛА НАД ТЕХЕРАН И УНИШТИЛ ТРЕТИНА ОД ИРАНСКИТЕ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ

    ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА ИМА ЦЕЛОСНА ВОЗДУШНА КОНТРОЛА НАД ТЕХЕРАН И УНИШТИЛ ТРЕТИНА ОД ИРАНСКИТЕ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИИзраел се закани дека жителите на Техеран ќе платат за последните ирански ракетни напади (Фото: АП)

    Израел тврди дека воспоставил целосна воздушна контрола над Техеран, четири дена по почнувањето на воената операција „Исправен лав“, чиј главен повод е да се спречи Иран да развие атомска бомба.

    „Уништивме една третина од иранските лансери на проектили земја-земја, повеќе од 120 системи. Само ноќеска се уништени повеќе од 20, неколку минути пред да лансираат проектили кон Израел“, изјави бригадниот генерал на израелската војска Ефи Дефрин.

    Тој додаде дека Израел извел серија напади врз повеќе од 100 воени мети во Исфахан во централен Иран, во кои учествувале околу 50 борбени авиони.

    Израел се закани дека жителите на Техеран ќе платат за ноќешните ирански ракетни напади врз Тел Авив, Хаифа и други градови, во кои загинаа најмалку осум луѓе, а речиси 300 се примени во болница. Од почетокот на конфликтот загинале 24 луѓе во Израел, сите цивили, додека бројот на загинати во Иран варира во зависност од изворот и се движи од 224 до повеќе од 400.

    „Арогантниот диктатор на Техеран стана кукавички убиец кој ги напаѓа цивилите во Израел за да ги одврати Израелските одбранбени сили од продолжување на нападот што ги уништува неговите можности. Жителите на Техеран ќе ја платат цената и тоа наскоро. Ние не сакаме намерно физички да ги повредиме, туку тие ќе мора да ги напуштат своите домови од областите каде што ќе биде потребно да се нападнат режимски цели“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира