ИЗРАЕЛКА ИЗМИСЛИ СПРЕЈ ЗА НОС КОЈ УБИВА 99,9% ВИРУСИ

    ИЗРАЕЛКА ИЗМИСЛИ СПРЕЈ ЗА НОС КОЈ УБИВА 99,9% ВИРУСИИзраелската научничка Гили Регев вели дека спрејот ќе спаси многу животи во земјите кои чекаат вакцини

    Спреј за нос за кој се тврди дека убива 99,9% вирусни честички почна да се произведува во Израел.

    „Спрејот би можел да спречи голем дел од ширењето на коронавирусот низ светот. Се надеваме дека спрејот ќе спаси многу животи во земјите кои чекаат вакцини. Ќе биде евтин и ќе може да се користи и превентивно против секоја респираторна вирусна инфекција“, изјави пронаоѓачката на спрејот д-р Гили Регев.

    Таа вели дека спрејот се покажал делотворен во лабораторија против широк спектар на вируси.

    „Новите варијанти на коронавирусот нема да влијаат врз неговата делотворност. Тој ги убива сите вируси и сите соеви“, вели Регев.

    Нарекувајќи го спрејот „Еновид“ дезинфициенс за нос, таа појасни дека тој создава физичка бариера во носните шуплини за да ги сопре вирусите, но и хемиска бариера од азотен моноксид, кој е познат дека има антимикропски квалитети.

    „Поради азотен моноксид, ова е посебен спреј, кој не само што запира вируси, туку и ги убива“, вели Регев.

    Израел е првата земја каде што спрејот ќе се продава откако беше одобрен од министерството за здравство, а одобрение за продажба добил и во Нов Зеланд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира