ИЗРАЕЛСКАТА ВЛАДА ГО ОДОБРИ ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ ВО ГАЗА, ХАМАС ВЕЛИ ДЕКА ДОБИЛ ГАРАНЦИИ ДЕКА ВОЈНАТА Е ЗАВРШЕНА

    ИЗРАЕЛСКАТА ВЛАДА ГО ОДОБРИ ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ ВО ГАЗА, ХАМАС ВЕЛИ ДЕКА ДОБИЛ ГАРАНЦИИ ДЕКА ВОЈНАТА Е ЗАВРШЕНАОва е најголемиот чекор досега кон завршувањето на двегодишната војна, во која загинаа над 67.000 Палестинци (Фото: АП)

    Израелската влада ноќеска после полноќ го потврди прекинот на огнот со Хамас, со што се создадоа услови за завршување на борбите во Газа во рок од 24 часа и за ослободување на заложниците. Владата на Бенјамин Нетанјаху ја одобри првата фаза од мировниот план на Доналд Трамп 24 часа откако тој беше објавен од посредниците и таа предвидува ослободување на сите заложници во замена за стотици палестински затвореници и постепено повлекување на израелската војска од Газа.

    Иако ова не значи мировен договор и остава нерешени прашања, ова е најголемиот чекор досега кон завршувањето на двегодишната војна, во која загинаа над 67.000 Палестинци.

    Владата ја одобри рамката за ослободување на сите заложници, живи и мртви“, објави Нетанјаху.

    Пребегнатиот шеф на Хамас во Газа, Халил Ал-Хаја, изјави дека добил гаранции од САД и другите посредници дека војната е завршена.

    Портпаролот на израелската влада соопшти дека прекинот на огнот ќе стапи во сила 24 часа по одобрувањето на договорот, а потоа во рок од 72 часа ќе бидат ослободени заложниците. Доналд Трамп претходно кажа дека очекува ова да се случи в понеделник или вторник. Се верува дека уште 20 заложници се живи, 26 се мртви, а судбината на двајца не е позната.

    Откако ќе почне спроведувањето на договорот, камиони со храна и медицинска помош ќе почнат да влегуваат во Газа, каде што десетици илјади луѓе страдаат од неухранетост.

    Натамошните чекори од планот на Трамп сè уште не се дискутирани. Тие вклучуваат управувањето со разурнатиот Појас Газа и конечната судбина на Хамас, кој досега ги отфрлаше барањата да се разоружа.
    Нетанјаху се соочува со скептицизам и во неговата владина коалиција, па крајнодесничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир изјави дека ќе гласа за соборување на владата ако Хамас не биде распуштен.

    Трамп кажа дека ќе дојде во регионот в недела за да присуствува на можна церемонија на потпишување на договорот во Египет, а Израел го покани да се обрати во парламентот. Договорот доби поддршка од арапските и западните земји и беше широко прикажан како големо дипломатско достигнување на Трамп.

    САД најавија дека ќе испратат 200 војници во Израел како дел од заеднички сили за безбедност на Газа, но Американци притоа нема да стапнат на територијата на палестинската енклава. Тие ќе вклучуваат и војници од Египет, Катар и Турција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира