ЈАПОНИЈА ЈА ИЗБРА КОНЗЕРВАТИВКАТА ТАКАИЧИ ЗА ПРВАТА ЖЕНА НА ПРЕМИЕРСКАТА ФУНКЦИЈА

    ЈАПОНИЈА ЈА ИЗБРА КОНЗЕРВАТИВКАТА ТАКАИЧИ ЗА ПРВАТА ЖЕНА НА ПРЕМИЕРСКАТА ФУНКЦИЈАСанае Такаичи често се опишува себеси како јапонската Маргарет Тачер (Фото: АП)

    Јапонскиот парламент ја избра ултраконзервативката Санае Такаичи за нова премиерка, со што таа стана првата жена на оваа функција во историјата на земјата. Гласањето се случи ден откако лидерката на Либерално-демократската партија постигна коалициски договор со нов партнер, десничарската Партија на иновации.

    Такаичи доаѓа на местото на Шигеру Ишиба, кој поднесе оставка по само една година на чело на владата. На денешното гласање во долниот дом на парламентот, Такаичи освои 237 гласови, четири повеќе од потребното мнозинство, додека лидерот на опозицијата Јошикоко Нода доби 149.

    Политичката стабилност е суштинска во моментов. Без стабилност, нема да можеме да спроведуваме мерки за силна економија или дипломатија“, изјави 64-годишната Такаичи, која често се опишува себеси како јапонската Маргарет Тачер.

    Нејзиниот избор е историски момент за Јапонија, во која мажите доминираат и во политиката и во деловниот свет, но ова исто така нема да биде прославено како знак на прогресивна промена, туку означува свртување на земјата кон десно во врска со имиграцијата и социјалните прашања.

    Такаичи ја поддржува ревизијата на јапонскиот пацифистички устав и се противи на истополовите бракови, а некои се загрижени и за нејзините економски предлози, кои вклучуваат голема потрошувачка и намалување на даноците, во услови додека земјата се бори се растечка инфлација.

    Такаичи досега се позиционираше како сигурен партнер на САД и изјави претходно овој месец дека планира да го почитува инвестицискиот договор со Доналд Трамп, кој ја опиша како жена со голема мудрост и сила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира