ЈАПОНИЈА ЌЕ ГИ УНИШТИ БРЗИТЕ ВОЗОВИ ПОТОПЕНИ ОД ТАЈФУНОТ ХАГИБИС, ШТЕТАТА Е НАД 110 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    ЈАПОНИЈА ЌЕ ГИ УНИШТИ БРЗИТЕ ВОЗОВИ ПОТОПЕНИ ОД ТАЈФУНОТ ХАГИБИС, ШТЕТАТА Е НАД 110 МИЛИОНИ ДОЛАРИВозовите беа паркирани во предградие на Нагано, кога тајфунот Хагибис удри на 12/13 октомври (Фото: Ројтерс)

    Јапонија ќе ги тргне од промет десетте брзи возови кои делумно беа потопени во поплавите предизвикани од тајфунот Хагибис минатиот месец. Некои делови ќе бидат искористени, но штетата би можела да биде меѓу 110 и 135 милиони долари, објавија јапонските медиуми.

    Секој воз имаше по 12 вагони (Фото: АФП)

    Возовите од линијата Хокурику-Шинкансен беа паркирани во предградие на Нагано, кога тајфунот Хагибис удри на 12/13 октомври, носејќи ветрови од 225 километри на час. Околу 90 луѓе загинаа, а илјадници беа раселени поради поплавите. Тоа беше најсилното невреме во земјата во последните децении, а фотографиите од поплавените возови станаа симбол на катастрофата.

    Секој од возовите имаше по 12 вагони и возеа на линијата што го поврзува Токио со Каназава на западниот брег.

    „Водата оштети многу делови од возовите, вклучувајќи мотори и системи за сопирање. Во интерес на безбедноста, најдобро беше возовите да се тргнат и да се донесат нови“, изјави Јуџи Фукасава, претседателот на железничката компанија на источна Јапонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира