ЈУТЈУБ ГИ СУСПЕНДИРАШЕ ПРИХОДИТЕ НА РАСЕЛ БРЕНД ОТКАКО БЕШЕ ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ

    ЈУТЈУБ ГИ СУСПЕНДИРАШЕ ПРИХОДИТЕ НА РАСЕЛ БРЕНД ОТКАКО БЕШЕ ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕИзминатиот викенд, Бренд беше обвинет за силување и сексуален напад, случаи кои датираат од 2006 до 2013 (Фото: Јутјуб)

    Јутјуб ги суспендираше приходите од реклами за каналите на Расел Бренд откако тој беше обвинет за силување. Од видеоплатформата кажаа дека донеле ваква одлука поради прекршување на политиката за одговорност и за да ги заштитат корисниците.

    Ова доаѓа откако лондонската полиција прими извештај за наводен сексуален напад во 2003, што се надоврза на неодамнешните обвинувања против британскиот актер и комичар. Изминатиот викенд, тој беше обвинет за силување и сексуален напад, случаи кои датираат од 2006 до 2013 година, кога беше на врвот на славата, работејќи за Би-Би-Си.

    „Ако однесувањето на креаторот надвор од платформата им штети на нашите корисници, вработените или на екосистемот, ние преземаме акција“, кажа портпарол на Јутјуб.

    Претходно беа откажани и преостанатите настапи на Бренд од турнејата „Биполаризација“.

    Во изминатите години, Бренд ги промени своите приоритети и почна редовно да објавува видеа на Јутјуб, каде што има 6,6 милиони претплатници, зборувајќи за спиритуалност, вакцини, НЛО и анти-естаблишмент.

    Обвинувањата против Бренд произлегуваат од заедничката истрага на „Тајмс“, „Сандеј тајмс“ и „Ченл 4“. Според нив, една од жените имала 16 години кога Бренд ја нападнал, додека две жени тврдат дека биле силувани во неговиот стан во Лос Анџелес. Бренд во петокот објави видео во кое кажа дека бил промискуитетен, но дека сите негови врски биле доброволни и консензуални.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира