ЈУЖНА КОРЕЈА МУ ПОДАРИ РЕПЛИКА НА ЗЛАТНА КРУНА НА ТРАМП

    ЈУЖНА КОРЕЈА МУ ПОДАРИ РЕПЛИКА НА ЗЛАТНА КРУНА НА ТРАМПТрамп со реплика на златната круна Чеонмачонг (Фото: Гети)

    Јужна Кореја го пречека денеска Доналд Трамп со реплика на златна круна и му го додели највисокото државно одликување. Јужна Кореја е последната станица на азиската турнеја на Трамп, откако претходно ги посети Малезија и Јапонија, при што утре ќе се сретне и со кинескиот претседател Шји Џинпинг.

    Признавајќи ја улогата на Трамп на миротворец на корејскиот полуостров, јужнокорејскиот претседател Ли Џае Мјунг му го додели највисокото државно одликување „Големиот орден на мугунгва“, именувано според националниот цвет на Јужна Кореја.

    „Сакам веднаш да го носам“, кажа Трамп откако го прими одликувањето.

    За време на својот прв мандат, Трамп неколкупати се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и сега повторно му понуди да се видат. Пјонгјанг досега не одговорил на поканата.

    Покрај одликувањето, Трамп доби и реплика на златната круна Чеонмачонг, чиј оригинал е пронајден во гробница во градот Кенџу.

    „Ова ги симболизира историјата на Сила, која одржала долгорочен мир на корејскиот полуостров и нова ера на мирен соживот и заеднички раст на корејскиот полуостров, за која САД и Јужна Кореја ќе работат заедно“, кажаа од кабинетот на Ли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира