Најмалку 20 луѓе загинаа во силните поплави во Јужна Кореја, додека поројните дождови продолжуваат во централните региони на земјата. Уште десетмина се водат како исчезнати, а илјадници се евакуирани од своите домови, објавија властите.
Поројните дождови траат веќе три дена и предизвикаа свлечишта, поплави и прекини во железничкиот сообраќај. Најтешко погодената провинција е Гјеонгсанг во северниот дел на земјата, каде што свлечишта уништија домови во планинската област. Премиерот Хан Дук-су ја повика војската напомош.
Властите кажаа дека 19 автомобили се потопени во подземен тунел во централната провинција Чунгчеонг, поради што се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде и поголем.
Околу 6.400 луѓе биле евакуирани откако браната Гоесан почнала да се преполнува. Поплавени се неколку села и патишта во нејзината близина.
Корејската метеоролошка служба соопшти дека дождовите би можеле да продолжат до среда и дека ќе има влошување на ситуацијата.