ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈУН СЕ ИЗВИНИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕТО ВОЕНА СОСТОЈБА

    ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈУН СЕ ИЗВИНИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕТО ВОЕНА СОСТОЈБАВо двеминутно телевизиско обраќање, Јун кажа дека му е многу жал за одлуката. (Фото: Претседателски кабинет на Јужна Кореја)

    Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол се извини за неговиот обид да воведе воена состојба неделава и вети дека ќе се соочи со какви било правни и политички последици. Во парламентот е закажано гласање за негово разрешување.

    Во двеминутно телевизиско обраќање, Јун кажа дека му е многу жал за одлуката, за која што рече дека ја однел од очај и вети дека нема да се обиде да воведе воена состојба по вторпат.

    „Многу ми е жал и би сакал искрено да им се извинам на луѓето кои беа шокирани. Оставам на мојата партија да преземе чекори да ја стабилизира ситуацијата во иднина, вклучувајќи го и прашањето за мојот мандат“, кажа претседателот на Јужна Кореја.

    Ли Џае-мјунг, лидерот на опозициската Демократска партија, го отфрли извинувањето на Јун и додаде дека само се зголемил гневот на јавноста.

    Лидерот на партијата на Јун, Партија на народната моќ, Хан Донг-хун, кажа дека неизбежна е оставка на претседателот и дека тој не е во позицијата да ја исполнува својата должност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира