Преоптоварен кабел за струја го предизвикал смртоносниот пожар во дом за стари лица во Тузла минатата недела, соопштија властите, додека бројот на жртви се искачи на 15.
Како што покажала истрагата, кабелот од радиото што го користел еден од штитениците бил стегнат меѓу неговиот кревет и ѕидот, што довело до краток спој и пожар вечерта на 4 ноември.
Пожарот што избувна на седмиот кат од зградата усмрти 11 лица на самото место, а 30 беа повредени. Уште четири лица починаа во болницата во Тузла во меѓувреме, од кои двајца во изминатите 24 часа.
Босанските медиуми објавија дека на горните катови биле сместени постари лица кои биле неподвижни или многу болни. Менаџерот на комплексот поднесе оставка.



