КАДИРОВ МОНТИРАШЕ МИТРАЛЕЗ НА „ТЕСЛА САЈБЕРТРАК“, ВЕЛИ ДЕКА МАСК ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ ДА ПОБЕДАТ ВО УКРАИНА

    КАДИРОВ МОНТИРАШЕ МИТРАЛЕЗ НА „ТЕСЛА САЈБЕРТРАК“, ВЕЛИ ДЕКА МАСК ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ ДА ПОБЕДАТ ВО УКРАИНАКадиров го покани Маск на гости во Чеченија (Фото: Телеграм)

    Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави видео во кое вози „сајбертрак“ на „Тесла“ на кој е монтиран митралез. Тој вели дека ќе ги испрати возилото на фронт во Украина.

    Во видео објавено на Телеграм, Кадиров ги фалеше електричното возило и шефот на „Тесла“, Илон Маск, кого го нарече „најсилниот гениј на модерното време“, при што го покани на гости во Чеченија.

    Ги очекуваме вашите идни производи кои ќе ни помогнат да ја довршиме нашата специјална воена операција“, вели Кадиров.

    Тој го опиша возилото на Маск како „неранливо и брзо животно, способно за маневри и за совладување секакви пречки“.

    Убеден сум дека овој ѕвер ќе им биде од голема корист на нашите борци“, кажа Кадиров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира