КАДИРОВ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГИ ПРАТИ СВОИТЕ МАЛОЛЕТНИ СИНОВИ ДА СЕ БОРАТ ВО УКРАИНА

    КАДИРОВ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГИ ПРАТИ СВОИТЕ МАЛОЛЕТНИ СИНОВИ ДА СЕ БОРАТ ВО УКРАИНАКадиров објави видео во кое неговите деца пукаат од различно оружје (Фото: Телеграм)

    Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека неговите тројца малолетни сина наскоро ќе одат во Украина за да се борат во редовите на руските сили. Тој е голем сојузник на Владимир Путин, но во последно време често го критикува водството на руската војска.

    Секој татко би требало да ги научи своите синови како да ги штитат семејството, народот и татковината“, напиша Кадиров на социјалните мрежи.

    Русија е потписник на договорот на Обединетите нации со кој на децата под 15 години им се забранува директно да учествуваат во вооружени конфликти.

    Во долг пост на Телеграм, Кадиров напиша дека неговите деца, кои имаат 14, 15 и 16 години, почнале со војничка обука уште кога биле многу млади и дека им дошло време да се испробаат во вистинска битка. Притоа објави видео во кое тие пукаат од различно оружје.

    Кадиров е лидер на Чеченија од 2007 година, кога на таа функција го постави токму Путин, а неговите борци досега имаа важна улога во руската воена кампања во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира