КАЈ МОСКВА УБИЕН БИВШИОТ УКРАИНСКИ ПРАТЕНИК ИЛЈА КИВА, КОЈ СЕ ЗАЛАГАШЕ ЗА ОКУПАЦИЈА НА УКРАИНА

    КАЈ МОСКВА УБИЕН БИВШИОТ УКРАИНСКИ ПРАТЕНИК ИЛЈА КИВА, КОЈ СЕ ЗАЛАГАШЕ ЗА ОКУПАЦИЈА НА УКРАИНАКива избегал од Украина еден месец пред почетокот на руската инвазија (Фото: Гети)

    Бившиот украински пратеник Илја Кива е убиен близу Москва од страна на украинската безбедносна служба (СБУ), потврди извор од украинското разузнавање.

    Криминалецот е ликвидиран со користење на мало оружје“, кажа изворот.

    Руските истражители изјавија дека телото на Кива е пронајдено во селото Супонево, западно од Москва, додавајќи дека бил застрелан.

    Во почетокот на оваа година, Кива во отсуство беше осуден на 14 години затвор за велепредавство и за повикување на окупација на Украина. Тој пребегнал во Русија еден месец пред почетокот на инвазијата.

    Да, можеме да потврдиме дека Кива веќе го нема. Истата судбина ќе ги снајде и другите предавници и марионети на режимот на Путин“, изјави портпаролот на украинското воено разузнавање Андриј Јусов.

    Кива неуспешно се кандидираше за претседател на Украина во 2019 и беше редовен гостин во пропагандните емисии на руските државни телевизии.

    Во друг инцидент, во експлозија на автомобил-бомба во окупираниот украински град Луганск загина прорускиот политичар Олег Попов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира