Почетокот на руската инвазија на Украина пред две години e претходник на конфликти во други региони, како Блискиот Исток и Балканот, кажа италијанската премиерка Џорџа Мелони во интервју објавено денеска.
Ако Русија не извршеше инвазија на Украина, најверојатно немаше да се случи ниту нападот против Израел од 7 октомври, рече Мелони во интервјуто за весникот „Ил Џорнале“, коментирајќи го нападот на палестинската милитантна организација, во кој беа убиени 1.200 луѓе во Израел и 250 беа киднапирани.
„Неминовно беше такво сериозно нарушување на меѓународното право, уште повеќе што дојде од постојан член на Советот за безбедност, да има каскадни последици на други региони во светот, од Блискиот Исток до Балканот и Африка“, додаде Мелони, кој отиде во Киев на двегодишнината од почетокот на руската инвазија.
„Ова е играта што ја играме и мораме да бидеме внимателни. Ако меѓународното право не го етаблираме повторно во Украина, ќе избиваат сè повеќе конфликти“, вели Мелони.