Граничниот премин Рафах меѓу Египет и Газа конечно беше отворен за да поминат хуманитарна помош за првпат по две недели, по интензивни преговори во кои беа вклучени САД, Израел, Египет и Обединетите нации.
Пратката од 20 камиони со медицинска помош, сепак, нуди малку олеснување за населението во Газа од 2,3 милиони, кое е изложено на постојано бомбардирање и има малку за јадење и пиење.
Од Обединетите нации велат дека станува збор за „капка во морето“ и дека следниот конвој со помош ќе биде во понеделник. Израелската влада инсистираше да види доказ дека помошта нема да биде запленета или пренасочена од Хамас, пред да одобри нови испораки. Од ОН велат дека сè уште разговараат за процедурите за таква верификација.
Газа е под целосна изолација откако почнаа борбите меѓу Израел и Хамас по нападот на Хамас на Израел на 7 октомври во кој загинаа 1.400 луѓе во јужен Израел.