КАНАДА ЌЕ ИМ ИСПЛАТИ ДЕСЕТИЦИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА ДОМОРОДНИТЕ ДЕЦА КОИ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ ОД СЕМЕЈСТВАТА

    КАНАДА ЌЕ ИМ ИСПЛАТИ ДЕСЕТИЦИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА ДОМОРОДНИТЕ ДЕЦА КОИ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ ОД СЕМЕЈСТВАТАСе проценува дека ќе бидат обесштетени 215.000 деца (Фото: Канадијан прес)

    Канада објави дека постигнала два договора вредни вкупно 31,5 милијарди долари, со кои ќе се компензираат домородните деца кои биле одземени од нивните семејства и сместени во системот за заштита на децата и ќе се реформира овој систем во кој биле лишени од потребните услуги.

    Половина од парите ќе им припаднат на децата кои насилно биле одземени од нивните семејства, чија бројка се проценува на 215.000. Станува збор за децата кои биле отстранети од нивните домови од април 1991 наваму.

    Овие договори следуваат 15 години откако против државата биле поднесени тужби за кршење на човекови права. Канадскиот суд за човекови права постојано откривал дека службите за деца и семејство ги дискриминирале домородните деца, така што не им ги обезбедувале потребните медицински и социјални услуги.

    Канада призна дека нејзините системи биле дискриминирачки, но досега одбиваше да исплати компензација и да ги финансира реформите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира