КАРАКАЧАНОВ ОТПАЃА ОД БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    КАРАКАЧАНОВ ОТПАЃА ОД БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТНајголем губитник на овие избори е Красимир Каракачанов, актуелниот вицепремиер и министер за одбрана, кој засега има 3,52 отсто од гласовите. (Фото: Булфото)

    ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов победи на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, „Има таков народ“ на Слави Трифонов стана втора политичка сила, а ВМРО на Красимир Каракачанов останува надвор од парламентот, според официјалните резултати на Централната изборна комисија по обработени над 80 отсто од гласовите.

    Ако овие проценти се задржат до крај, ова ќе биде првиот бугарски парламент без партии со крајна националистичка програма, пренесуваат бугарските медиуми.

    Најголем губитник на овие избори е Красимир Каракачанов, актуелниот вицепремиер и министер за одбрана, кој засега има 3,52 отсто од гласовите и е под прагот од 4 отсто за влез во парламентот. Неговата партија ВМРО пред два месеца реши да се раздели од партијата НФСБ со која беше во коалиција, со идеја дека може сама да го надмине прагот од 4 отсто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира