КАРАМБОЛ НА СКИЈАЧКИ ГОНДОЛИ ВО АВСТРИЈА, ПОВРЕДЕНИ НЕМА

    КАРАМБОЛ НА СКИЈАЧКИ ГОНДОЛИ ВО АВСТРИЈА, ПОВРЕДЕНИ НЕМАВо моментот кога се случила несреќата жичницата не работела, но силниот ветер ги веел гондолите, се додека пет од нив не се удриле меѓусебе и завршиле на еден од столбовите на жичницата.(Фото: Принтскрин од Австриска државна телевизија)

    Пет гондоли утрово се судрија на жичницата во скијачкиот центар Цилертал во Тирол Австрија, поради силен ветер, објави државната телевизија ОРФ.

    Повредени лица нема бидејќи жичницата била затворена за посетители, токму поради најавите за силен ветер. Во моментот кога се случила несреќата жичницата не работела, но силниот ветер ги веел гондолите, се додека пет од нив не се удриле меѓусебе и завршиле на еден од столбовите на жичницата.

    Нема информации од надлежните во скијачиот центар Цилертал за штетата која е направена од судирот на гондолите. Во тек е истрагата за инцидентот. Жицницата била пуштена во употреба пред една година.

    Сѐ уште не се знае кога повторно скијаката жичница ќе биде пуштена во употреба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира