Најмалку 15 луѓе загинаа во уривањето на патнички авион во Казахстан.
Официјални лица соопштија дека авионот на националниот авиопревозник „Бек ер“ се урнал набргу по полетувањето од аеродромот во најголемиот град Алмати, при што удрил во зграда. Најмалку 60 повредени, меѓу кои има и деца, се примени во болници.
Авионот од типот „фокер 100“, во кој имало 93 патници и пет членови на екипажот, требало да лета за главниот град на Казахстан, Нур-Султан. Од аеродромот кажаа дека авионот почнал да губи висина пред да удри во бетонска бариера и заврши во двокатна зграда.
„Авионот се тресеше по полетувањето. Во прв момент се чинеше дека авионот слетал, но всушност удри во нешто. Подоцна видовме дека се распаднал на два дела. За среќа, не се запали“, изјави еден од преживеаните патници.