ЌЕ БИДАТ ПОВИКАНИ 300.000 РЕЗЕРВИСТИ, КАЖА РУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ШОЈГУ

    ЌЕ БИДАТ ПОВИКАНИ 300.000 РЕЗЕРВИСТИ, КАЖА РУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ШОЈГУШојгу вели дека Русија војува со целиот запад (Фото: АФП)

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека околу 300.000 луѓе ќе бидат опфатени со делумната воена мобилизација, што утрово ја прогласи Владимир Путин. Во претходно снимената изјава, Шојгу кажа дека ќе бидат повикани само оние кои имаат претходно армиско искуство.

    „Ние не се бориме против Украина, туку против целиот запад. Оваа мобилизација е само еден отсто од нашиот потенцијал“, кажа Шојгу.

    Шојгу рече и дека 5.937 руски војници загинале во конфликтот со Украина, што е многу помалку од проценките на Западот дека Русија изгубила десетици илјади.

    Истакнувајќи дека целта на Русија е ослободување на Донбас, Путин кажа дека мобилизацијата е неопходна за да се заштити народот на ослободените територии во Украина. Тој притоа ги поддржа најавените референдуми за анексија во окупираните региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, кои претставуваат 15% од територијата на Украина. Добар дел од нив и натаму е под контрола на украинските сили.

    Путин исто така нареди зголемување на средствата за руската воена индустрија, со цел да се поттикне производството, додека руската војска тешко се справува со украинската противофанзива, особено на источниот фронт.

    „Имаме многу оружје за да одговориме на западните закани. Ние не блефираме“, кажа Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира