ЌЕ ГО ПРЕИСПИТАМЕ ПРИСУСТВОТО НА АМЕРИКАНСКИТЕ СИЛИ ВО ЕВРОПА, КАЖА ХЕГСЕТ, НАМАЛУВАЊАТА ВЕЌЕ ПОЧНАА

    ЌЕ ГО ПРЕИСПИТАМЕ ПРИСУСТВОТО НА АМЕРИКАНСКИТЕ СИЛИ ВО ЕВРОПА, КАЖА ХЕГСЕТ, НАМАЛУВАЊАТА ВЕЌЕ ПОЧНААХегсет ги критикуваше сојузниците кои не ги поддржаа САД за време на војната со Иран (Фото: АП)

    Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави ново преиспитување на распоредувањето на американските трупи во Европа и се закани дека ќе задржи дел од американските давачки кон НАТО доколку некои сојузници не ги исполнат своите обврски за трошоци за одбрана.

    Обраќајќи се пред министрите за одбрана во седиштето на НАТО во Брисел, Хегсет рече дека анализата ќе трае до шест месеци и ќе вклучува консултации со Конгресот на САД, кој законски пропиша минимален број американски сили во Европа.

    Немојте да се залажувате, ова ќе биде вистинска анализа. Ќе биде направена така да обезбеди дека НАТО се движи брзо и неповратно кон европско лидерство, преземајќи ја примарната одговорност за одбраната на Европа“, рече Хегсет.

    Тој, исто така, ги критикуваше сојузниците кои не ги поддржаа САД за време на војната со Иран, откако некои од нив не дозволија користење на бази и прелети на американските воени авиони.

    Им поставивме тест на нашите сојузници да ја поддржат Америка кога побаравме нивна помош и многу од нив потфрлија“, кажа Хегсет.

    Неговите коментари дојдоа во време кога членките на НАТО се мачат да ги пополнат празнините во своите кризни сили, откако Вашингтон одлучи да го намали бројот на американски воени капацитети достапни за алијансата во криза.

    „Овој потег има за цел постепено да стави крај на нездравата козависност“, кажа генералот на воздухопловните сили на САД, Алексус Гринкевич.

    Шефот на НАТО, Марк Руте, потврди дека намалувањето на придонесите на САД во кризните сили веќе стапило во сила. САД јавно не открија детали за намалувањата, но тие се движат од полнење гориво на авиони до борбени авиони, беспилотни летала и бродови, според воен извор на „Ројтерс“. Бројот на американските борбени авиони „Ф-15“ и „Ф-15Е“ достапни за НАТО ќе се намали за една третина, на 99, а бројот на беспилотните летала „Рипер“ за половина, на 12, според изворот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира