ЌЕ ГО ЗЕМЕМЕ ДОНБАС СО СИЛА АКО УКРАИНЦИТЕ НЕ СЕ ПОВЛЕЧАТ, КАЖА ПУТИН

    ЌЕ ГО ЗЕМЕМЕ ДОНБАС СО СИЛА АКО УКРАИНЦИТЕ НЕ СЕ ПОВЛЕЧАТ, КАЖА ПУТИНПутин потврди дека некои делови од планот се неприфатливи за Русија (Фото: АП)

    Владимир Путин порача дека Русија ќе го земе целиот регион Донбас со сила ако украинските сили не се повлечат. Русија денес го контролира целиот Луганск и повеќе од 80% од Доњецк, двата региона кои го сочинуваат Донбас.

    Или ќе ги ослободиме тие територии со употреба на сила или украинските сили ќе ги напуштат“, кажа Путин пред посетата на Индија.

    Украина вели дека не сака да ѝ подарува територии на Русија што таа не успеала да ги освои со борба. По речиси четири години постојана војна, Украина и натаму контролира околу 5.000 квадратни километри од Доњецк, вклучувајќи ги големите градови Краматорск и Словјанск, но руските сили значително би можеле да им се доближат по падот на Покровск.

    Русија контролира 19,3% од Украина, во што влегуваат и анектираниот полуостров Крим, околу 75% од Херсон и Запорожје и помали делови од регионите Харкив, Суми, Миколаив и Днипро.

    Во оригиналниот американски мировен план се барало од Украина да го предаде целиот Донбас, но тоа било изменето под притисок на Киев и неговите европски сојузници, кои предлагаат замрзнување на фронтот на сегашните линии.

    Два дена по петчасовните разговори со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, Путин потврди дека некои делови од планот се неприфатливи за Русија.

    Тоа беше неопходен разговор, многу конкретен. Има одредби за кои сме подготвени да разговараме, додека со други не можеме да се согласиме“, рече Путин, не сакајќи да открива детали.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира