ЌЕ ИМА НОВИ ИЗБОРИ САМО АКО МЕ УБИЈАТ, КАЖА ЛУКАШЕНКО ДОДЕКА БЕЛОРУСКАТА ОПОЗИЦИЈА ПОВИКА НА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

    ЌЕ ИМА НОВИ ИЗБОРИ САМО АКО МЕ УБИЈАТ, КАЖА ЛУКАШЕНКО ДОДЕКА БЕЛОРУСКАТА ОПОЗИЦИЈА ПОВИКА НА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈКЛукашенко вчера се соочи со најголемиот протест во своето 26-годишно владеење (Фото: Ројтерс)

    Вработените во државната телевизија на Белорусија се одзваа на повикот на опозицијата за генерален штрајк како дел од протестот против победата на Александар Лукашенко на неодамнешните спорни претседателски избори.

    Каналите емитуваа репризи откако вработените прекинаа со работа во знак на револт поради цензурата и изборните резултати. Низ земјата деновиве се очекуваат и други штрајкови откако вчера десетици илјади луѓе излегоа на најголемиот протест во историјата на Белорусија, што навестува дека режимот на Лукашенко забрзано губи поддршка.

    Тој денеска посети една фабрика за трактори, од каде што уште еднаш порача дека нема да прифати нови избори.

    „Веќе имавме избори. Освен ако не ме убијат, нови избори нема да има“, рекол Лукашенко пред работниците.

    Претседателската кандидатка на опозицијата Светлана Тихановскаја, која пребегна во Литванија по изборите, изјави дека е подготвена да ја води нацијата како привремен лидер. Опозицијата повика на генерален штрајк од денеска, како нова фаза од протестот против режимот на Лукашенко и полициската бруталност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира