ЌЕ СЕ БОРИМЕ И СО НОКТИ АКО САД ПРЕСТАНАТ ДА НИ ДАВААТ ОРУЖЈЕ, ВЕЛИ НЕТАНЈАХУ

    ЌЕ СЕ БОРИМЕ И СО НОКТИ АКО САД ПРЕСТАНАТ ДА НИ ДАВААТ ОРУЖЈЕ, ВЕЛИ НЕТАНЈАХУИзраелски тенкови и други оклопни возила собрани близу границата со Газа (Фото: ЕПА)

    Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел може да опстане сам и ќе се бори со нокти ако треба, откако САД се заканија дека ќе запрат со испораките на оружје доколку тој нареди целосна офанзива на јужниот град во Газа, Рафа.

    Ако треба, ќе се бориме сами. Ако е неопходно, ќе се бориме со наши нокти“, кажа Нетанјаху.

    Џо Бајден завчера изјави дека ќе блокира испораки на некои оружја, како гранати, ако Рафа биде нападната. Во овој град се засолнети повеќе од милион Палестинци, кои веќе нема каде да одат. САД минатата недела стопирале една испорака на бомби за Израел.

    Нетанјаху се повика на војната од 1948 година за да ги отфрли предупредувањата од САД.

    Во Војната за независност пред 76 години бевме неколкумина против многумина. Немавме оружја, но со силен дух, херојство и единство стигнавме до победата. Израел има многу повеќе од нокти ако Џо Бајден запре со испораките на оружје“, кажа Нетанјаху.

    Обединетите нации кажаа дека повеќе од 80.000 луѓе избегале од Рафа од понеделникот поради постојаните бомбардирања, додека Израел трупа тенкови во околината. Израелските сили велат дека спроведуваат ограничени операции против елементите на Хамас во градот, но не се исклучува можност за целосна инвазија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира