ЌЕ СЛЕДУВААТ УШТЕ НАПАДИ, КАЖА НЕТАНЈАХУ ОТКАКО ИЗРАЕЛ И ИРАН РАЗМЕНИЈА РАКЕТНИ УДАРИ

    ЌЕ СЛЕДУВААТ УШТЕ НАПАДИ, КАЖА НЕТАНЈАХУ ОТКАКО ИЗРАЕЛ И ИРАН РАЗМЕНИЈА РАКЕТНИ УДАРИЕксплозија во Тел Авив за време на иранскиот напад (Фото: АП)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека целта на израелските напади кои почнаа денеска е да се спречи иранската нуклеарна и ракетна закана за земјата. Тој се огласи откако заврши вечерашниот голем ирански напад врз Израел, кој беше одмазда за денешните израелски воздушни удари врз иранските нуклеарни и воени мети.

    Борбата на Израел не е против иранскиот народ, туку против иранското раководство. Ќе има уште напади. Режимот не знае што го снашло и што ќе го снајде. Тој никогаш не бил послаб“, кажа Нетанјаху, повикувајќи го иранскиот народ да ѝ се спротивстави на власта.

    Ова е вашата шанса да се изборите за слобода“.

    Израелската војска кажа дека Иран вечерва лансирал повеќе од 100 балистички проектили кон Израел и најголем дел од нив биле пресретнати. Експлозии се слушаа и во Тел Авив, повредени се најмалку пет лица. Од американската војска кажаа дека му помогнале на Израел во соборувањето на проектилите.

    Ограничен број згради е погоден, некои од нив од шрапнели од пресретнати проектили“, изјави портпаролот на израелската војска Авихај Адрае.

    Израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани дека Иран ќе плати висока цена за нападите врз цивилни области.

    Израел претходно кажа дека денешните напади се само почеток на продолжена операција која треба да го спречи Иран да произведе атомско оружје, при што се повикани десетици илјади војници како дел од подготовките за одбрана и напад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира