КИДНАПИРАН ЕГИПЕТСКИ АВИОН – СИТЕ ПАТНИЦИ ОСВЕН СТРАНЦИТЕ ОСЛОБОДЕНИ

    КИДНАПИРАН ЕГИПЕТСКИ АВИОН – СИТЕ ПАТНИЦИ ОСВЕН СТРАНЦИТЕ ОСЛОБОДЕНИ

    Каиро, 29 март, 2016 (Хафингтонпост) – Египетски авион е киднапиран додека летал на линијата Александрија – Каиро.

    Авионот од типот Ербас А320 бил принуден да слета на аеродромот Ларнака на Кипар.

    Аеродромот е затворен за сообраќај. Локалните новинари јавуваат дека некои од патниците го напуштаат авионот. Компанијата „Иџипт ер“ соопшти дека сите патници освен членовите на екипажот и четворица странци се пуштени да го напуштат авионот.

    фрадар Според соопштението од египетските воздухопловни власти, во авионот имало 55 патници и петмина членови на екипажот.

    Египетските воздухопловни власти соопштија дека пилотот пријавил дека еден патник кажал дека има експлозив околу појасот и го принудил пилотот да слета во Ларнака.

    Се претпоставува дека во авионот имало најмалку еден вооружен киднапер.

    Официјални лица од аеродромот во Ларнака изјавиле за АП дека бараат полицијата да се одалечи од воздухопловот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари