КИЕВ Е ПРЕТВОРЕН ВО ТВРДИНА, ПОЛОВИНА ОД ЖИТЕЛИТЕ ЗАМИНАА, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КЛИЧКО

    КИЕВ Е ПРЕТВОРЕН ВО ТВРДИНА, ПОЛОВИНА ОД ЖИТЕЛИТЕ ЗАМИНАА, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КЛИЧКОКиев живее во очекување на руска офанзива (Фото: ЕПА)

    Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, изјави дека половина од жителите го напуштиле градот, кој е претворен во тврдина, во очекување на руска офанзива.

    „Според нашите информации, секој втор жител си заминал од градот. Нешто помалку од два милиона луѓе заминале. Киев се трансформира во тврдина. Секоја улица, секоја зграда, секој контролен пункт се утврдува“, вели Кличко.

    Киев повремено се ракетира од почетокот на руската инвазија пред 15 дена, додека околните градови се изложени на постојани жестоки бомбардирања.

    „Русија не се откажува од плановите да го окружи Киев. Нашите одбранбени сили ја одбиваат и задржуваат руската офанзива во сите насоки“, соопшти генералштабот на украинската војска.

    Шефот на ЦИА, Бил Брнз, вели дека Путин планирал да го освои Киев за два дена од почнувањето на инвазијата. Голем руски воен конвој веќе подолго време е заглавен во околината на Киев поради отпорот на Украинците и технички и логистички проблеми, што, според Брнз, го направило Путин лут и фрустриран.

    „Путин ги потцени борбените способности на Украинците и реакцијата на светот. Место да го заземат Киев за два дена, по две недели тие сѐ уште го немаат окружено целосно“, вели Брнз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира