КИМ ЏОНГ УН БАРА ОДГОВОРНОСТ ПО НЕУСПЕШНОТО ЛАНСИРАЊЕ НА НОВ ВОЕН БРОД

    КИМ ЏОНГ УН БАРА ОДГОВОРНОСТ ПО НЕУСПЕШНОТО ЛАНСИРАЊЕ НА НОВ ВОЕН БРОДКим, кој бил присутен на лансирањето, наредил бродот да биде поправен до клучна партиска средба во јуни (Фото: АП)

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја осуди „сериозната несреќа“ што се случи на лансирањето нов воен брод, нарекувајќи ја „криминален чин што не може да се толерира“. Државните медиуми објавија дека делови од дното на 5.000 тони тешкиот разурнувач биле згмечени, што го извадило бродот од рамнотежа.

    Ким, кој бил присутен на лансирањето, наредил бродот да биде поправен до клучна партиска средба во јуни и побарал одговорност од оние кои биле вклучени во дизајнирањето на бродот, обвинувајќи ги дека „сериозно им наштетиле на достоинството и гордоста на нацијата“.

    Државните медиуми не кажаа дали имало повредени во инцидентот, кој се случил во пристаништето во градот Чонгџин.

    Несреќата е резултат на апсолутно невнимание, неодговорност и ненаучен емпиризам. Неодговорните грешки на инволвираните ќе бидат разгледани на пленарна средба следниот месец“, рекол Ким.

    За Северна Кореја е невообичаено јавно да објавува за локални несреќи. Оваа несреќа се случи неколку недели откако Северна Кореја претстави нов разурнувач од 5.000 тони, за кој кажа дека може да носи 70 проектили. Ким го опиша бродот како голем напредок во модернизирањето на поморските сили на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира