КИМ ЏОНГ УН МУ ГИ ПОКАЖА НАЈНОВИТЕ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ОРУЖЈА НА РУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ШОЈГУ

    КИМ ЏОНГ УН МУ ГИ ПОКАЖА НАЈНОВИТЕ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ОРУЖЈА НА РУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ШОЈГУМеѓу изложените оружја бил и интерконтиненталниот балистички проектил „хвасонг“ (Фото: АП)

    Ким Џонг Ун му ги покажа најновите севернокорејски оружја на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој ја предводи руската делегација во посета на Пјонгјанг, Покрај руски, Ким покани и кинески функционери на прославата на 70-годишнината од примирјето со кое беше ставен крај на Корејската војна.

    Меѓу изложените оружја бил и интерконтиненталниот балистички проектил „хвасонг“, кој успешно беше тестиран во април. Се верува дека тоа е првиот ваков севернокорејски проектил кој користи погон на цврсто гориво, што овозможува побрзо лансирање.

    Пријателската посета следува додека Пјонгјанг се обвинува дека ја снабдува Русија со оружје за војната во Украина, што беше демантирано и од Москва.

    Државната новинска агенција КЦНА објави дека Ким и Шојгу разговарале за прашања од заемна загриженост на полето на националната одбрана и меѓународната безбедност. Се очекува руската и кинеската делегација да присуствуваат на големата воена парада за Денот на победата. Двете Кореи технички и натаму се во војна, зашто немаат потпишано никаков мировен договор.

    Последен пат кога странски влади дојдоа на воена парада во Северна Кореја беше во февруари 2018.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира