КИНА ГО ОКРУЖИ ТАЈВАН ОТКАКО ЗАПОЧНА НОВИ ВОЕНИ ВЕЖБИ

    КИНА ГО ОКРУЖИ ТАЈВАН ОТКАКО ЗАПОЧНА НОВИ ВОЕНИ ВЕЖБИТајван кажа дека сака да избегне ескалација (Фото: Гети)

    Кина распореди авиони и бродови за да го окружи Тајван денеска, почнувајќи воени вежби со кои „сака да испрати строго предупредување до сепаратистичките сили на островот“. Овие вежби се четврта рунда од големите кинески воени игри во последните две години.

    Тајванското министерство за одбрана објави дека ги набљудува кинеските закани, но ќе избегнува ескалација. САД кажаа дека акциите на Кина се неоправдани и ризикуваат влошување на ситуацијата.

    Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те, кој ја презеде функцијата во мај, е погласен од својата претходничка Цаи Инг-вен во одбраната на суверенитетот на Тајван, што го налути Пекинг, кој го нарекува сепаратист. Тајван ги опиша најновите вежби како ирационални и провокаторски и како одговор распореди „соодветни сили“.

    Вежбите ‘Заеднички меч-2024Б“ служат како строго предупредување за сепаратистичките активности на силите за тајванска независност. Вежбите се одвиваат северно, јужно и источно од Тајван и се фокусираат на блокада на клучни пристаништа и области и напад врз поморски и копнени цели“, објавија кинеските власти.

    Тајван кажа дека четири формации кинески бродови патролираат околу островот, но досега не влегле во водите каде што пристапот е забранет или ограничен.

    Би сакал да ги уверам моите сонародници дека владата ќе продолжи да го брани демократскиот и слободен уставен систем, да го штити демократскиот Тајван и да ја чува националната безбедност“, објави претседателот Лин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира