КИНА ИМ ВОЗВРАТИ НА САД СО НОВИ ЦАРИНИ ОД 84%

    КИНА ИМ ВОЗВРАТИ НА САД СО НОВИ ЦАРИНИ ОД 84%Пекинг реагираше откако денеска почнаа да важат американските царини од 104% за увозот од Кина (Фото: АП)

    Кина и САД продолжуваат да ја засилуваат трговската војна, па Пекинг денеска му воведе нови одмазднички царини на Вашингтон од 84%. Кинеското министерство за финансии кажа дека оваа мерка ќе стапи на сила утре.

    Пекинг реагираше откако денеска почнаа да важат американските царини од 104% за увозот од Кина, која првично им одговори на САД со давачки од 34%.

    Кина е најтешко погодена од државите на кои Доналд Трамп денеска им воведе реципрочни царини, кои предизвикаа потрес во светскиот трговски поредок што постоеше со децении, го зголемија стравот од рецесија и ги вознемирија берзите. Кина вчера ги обвини САД за уценувачко однесување и вети дека нема да отстапи во војната на царини. Трамп пред неколку дена ги удвои првично најавените царини за Кина откако таа возврати со давачки од 34% за САД.

    Кина се пожали во Светската трговска организација дека новите американски царини дополнително ќе ја дестабилизираат глобалната трговија.

    „Ситуацијата опасно ескалираше. Потегот на САД беше крајно невнимателен. Реципрочни мерки не се и никогаш нема да бидат лек за трговска нерамнотежа. Место тоа, тие ќе им наштетат на САД“, кажа Пекинг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира