КИНА НАЈАВИ ТУЖБА И КОНТРАМЕРКИ ОТКАКО ТРАМП ПОЧНА ТРГОВСКА ВОЈНА СО НОВИ ЦАРИНИ

    КИНА НАЈАВИ ТУЖБА И КОНТРАМЕРКИ ОТКАКО ТРАМП ПОЧНА ТРГОВСКА ВОЈНА СО НОВИ ЦАРИНИКанада објави дека им возвраќа на САД со царини од 25% (Фото: АФП)

    Кина објави планови за одмазднички мерки откако САД воведоа царини од 10% на кинескиот увоз. Кинеското министерство за трговија кажа дека владата ќе поднесе тужба во Светската трговска организација и ќе преземе „соодветни контрамерки за да ги заштити сопствените интереси и права“.

    Доналд Трамп во исто време воведе царини од 25% за Канада и Мексико и најави слични мерки против Европска Унија. Трамп кажа дека царините се казна зашто трите држави не сториле доволно за да спречат наплив на мигранти и фентанил во САД.

    Кина се надева дека САД објективно и рационално ќе го согледаат и ќе се справат со сопствениот проблем со фентанилот и други проблеми, место да им се закануваат на други држави со царини“, соопшти Пекинг.

    Наспроти неконкретните потези на Кина, Канада денеска објави дека им возвраќа на САД со царини од 25%, што ќе погоди американски добра во вредност од 155 милијарди долари. Премиерот Џастин Трудо кажа дека дел од царините ќе стапат на сила во вторник, а останатите во рок од 21 ден, за да им се даде време на канадските фирми да се прилагодат. Воведување царини од 25% најави и Мексико.

    Економистите предупредија дека воведувањето царини од страна на САД и одговорот на Канада, Мексико и Кина можат да доведат до поскапувањето на голем спектар производи за широка потрошувачка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира